Економија

Мал раст на индустриското производство во ЕУ во февруари

Ирска забележа најсилен пад на индустриското производство

Индустриското производство во Европската Унија во февруари годинава покажува знаци на стабилизирање, по падот од три отсто на почетокот на годината.  Индустриското производство во еврозоната и Европската Унија е зголемено во февруари за 0,8 односно 0,7 отсто во однос на претходниот месец, се наведува во извештајот на Европскиот завод за статистика.

Во февруари најмногу се зголемило индустриското производство во Ирска, за 3,8 отсто. Унгарија и Словенија бележат пораст од 3,5 односно 3,3 отсто.

Индустриското производство во Хрватска најмногу падна во февруари на месечна основа, за 4,6 отсто. Во групата се и Литванија и Белгија со пад на производството од 3 односно 2,7 отсто.

На годишно ниво, индустриското производство во еврозоната е намалено за 6,4 отсто во февруари и за 5,4 отсто во ЕУ, речиси исто како и во јануари, соопштија од Еуростат.  Ирска забележа убедливо најсилен пад на производството на годишно ниво, за 36 проценти. Следат Белгија и Бугарија со намалување за 12,7, односно 8,4 отсто.

Најсилен пораст на производството има во Шпанија, за 3,5 отсто во однос на ланскиот февруари. Следуваат Словенија и Данска со раст од 2,8 односно 2,7 отсто, покажуваат податоците на Евростат.


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано