Економија

Унгарската влада се подготвува да ги ограничи цените на горивата


Унгарската влада ја разгледува опцијата за воведување на пониски цени на горивата откако Заводот за статистика ќе ги проанализира просечните цени во регионот, изјави Мартон Наги, министерот за економија во Унгарија за весникот „Вилагаздасаг“.

Унгарскиот министер минатата недела изврши притисок на добавувачите на гориво за да ги намалат цените на бензиските пумпи согласно средноевропскиот просек, како дел од владините интервенции за одредување на цената по највисокиот раст на инфлацијата во Европската Унија.

-       Трпението на Владата е при крај. Мислиме дека локалните цени на бензините се повисоки од седум до девет отсто од регионалниот просек, изјави Наги.

Министерто за економија минатиот четврток ги повика на состанок  претставниците на унгарските нафтени компании  и компанијата МОЛ по порастот на цените на бензинот на 642 форинти (1,75 долари) за литар.

Унгарската влада во декември 2022 ги укина ограничувањата на цените на горивата и тоа предизвика паника кај граѓаните и се јави дефицит  на горива. Ветувањата на Владата се дека повторно ќе интервенира на пазарот доколку цените на горивата пораснат над регионалниот просек, пренесе „Сеебиз“.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано