Економија

Бразил и Мексико ќе добијат статус на глобална економска сила

До 2030 година само Бразил и Мексико од латиноамериканските земји ќе добијат статус на глобална економска сила. Според проценките, Бразил во наредната деценија ќе биде на осмо место од десетте најмоќни светски економии со годишен БДП од 4.430 милијарди долари. Националниот производ на Мексико ќе се зголеми на околу 3.660 милијарди и ќе биде на деветто место на најголеми економии се наведува во најновата студија на британската компанија Прајсвотерхаускуперс.

Кина до 2030 година ќе го заземе првото место меѓу економски најмоќните земји во светот, а кинескиот БДП ќе достигне 38.000 милијарди долари. САД ќе ја изгуби водечката позиција и ќе биде втора најголема економија, а нејзиниот домашен производ ќе изнесува 23.470 милијарди долари, пренесува „Еуроњуз Србија“.

Во наредните 15 години економијата на Индија ќе оствари силен раст од сегашното петто ќе се искачи на трето место. Нејзиниот проектиран БДП ќе изнесува 19.510 милијарди долари.

Германија и Јапонија ќе остварат поскромни економски раст  и ќе ги задржат позициите меѓу десетте најголеми економии. Во оваа група ќе бидат Русија и Индонезија.

Глобалните промени во светската економија ќе продолжат до 2050 година, а најмоќни економии ќе бидат: Кина, САД, Индија, Индонезија, Германија, Јапонија, Велика Британија, Бразил, Франција и Русија.


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано