Економија
Кина оствари висок економски раст во првиот квартал
16.04.2024г
Кинеската економска активност во првите три месеци годинава порасна со побрзо темпо од очекуваните проекции. Втората светска економија забележа раст од 5,3 отсто на годишно ниво во периодот од јануари до март, со што ги надмина предвидувањата на аналитичарите за економски раст од 4,8 отсто. Во споредба со претходниот квартал кинеската економија пораснала за 1,6 отсто.
Претходно од кинеските официјални служби беше објавено дека во март Кина остварила помал извоз за 7,5 отсто во однос на истиот месец лани. Исто така и увозот во земјата забележа намалување.
Индустриското производство во првиот квартал годинава порасна за 6,1 отсто, а малопродажбата забележа раст за 4,7 отсто на годишно ниво.
Силниот раст во периодот јануари-март е потпомогнат со добри резултати во производството, потрошувачката на домаќинствата поради Кинеската нова година, но и поради политиките за засилување на инвестициите. Ако се земаат само податоците за март кинеската економија покажува знаци на слабост што се гледа и низ помалиот извоз, изјави Луиз Лу, економски експерт за Кина, пренесе Н1.
фото freepic