Економија

ММФ предвидува глобален раст на економијата за 3,2 отсто

Светската економија ќе продолжи да расте со 3,2 отсто во 2024 и 2025 година, а проекциите за пет години се дека ќе забележи раст од 3,1 отсто, објави ММФ на пролетното заседавање во Вашингтон.

Напредните економии ќе имаат благо забрзување на растот од 1,6 отсто во 2023 година, на 1,7 отсто годинава и 1,8 отсто во 2025 година. Растот на глобалната економија ќе  биде надополнето со забавувањето на пазарите во развој и на рестечките економии од 4,3 отсто во 2023 година на 4,2 отсто во 2024 и 2025 година.

Глобалната инфлација ќе се намалува од 6,8 отсто во 2023 на 5,9 отсто во 2024 и 4,5 отсто во 2025 година.

ММФ оценува дека глобалната економија ќе биде „изненадувачки отпорна“ наспроти значајното зголемување на каматните стапки на централните банки со цел да се стабилизираат цените.

Меѓународната финансиска организација ја подобри оцената за економски раст на САД на 2,7 отсто годинава или за 0,6 процентни поени повеќе во однос на јануарските проекции. Земјите од еврозоната ќе растат само за 0,8 отсто. Кинеската економија ќе расте за 4,6 отсто, а за Индија се очекува раст од 6,8 отсто.

Инфлацијата во светот годинава во просек ќе изнесува 5,9 отсто, се наведува во извештајот на ММФ, пренесува „Данас“.


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано