Економија

Колкави се цените на патарините во Грција до најпопуларните туристички места?

 Цени на патарините во Грција


 

На влезот во Грција преку преминот Евзони, на околу 500 метри од границата, е првата патарина во Грција каде патарината за моторни возила чини 2,40 евра.

Патарина на обиколницата во Солун (општина Ореокастро): Цената за автомобили е 0,55 евра, за мотоцикли 0,35 евра, за возила со или без приколка и висина над 2,70 метри 1 евро, а за возила со или без приколка висина над 2,70 метри е 1,50 евра

 

Наплатна рампа Асправалта

Патарината за автомобили изнесува 1,10 евра и од 2,30 до 3,20 евра за големи возила

 

Цена за патарина до Халкидики

На патарината Евзони - Халкидики има два наплатна пункта доколку се патува преку обиколницата

На Евзони се плаќа 2,40 евра, а на обиколницата 0,55 евра.

Од Евзони до Халкидики преку центарот на Солун, се плаќа само патарина на Евзони од 2,40 евра.

 

Цени на патарина Солун - Атина

Од Солун до Атина има 11 наплатни пунктови, а вкупната патарина чини 33,25 евра.

 

Цени на патарина до Лефкада

Од Евзони до Лефкада има 8 наплатни пунктови, а вкупната патарина е 16,90 евра.

 

Патарина до Тасос

Од Евзони до Тасос има 5 наплатни пунктови, а вкупната патарина е 8,55 евра.

Од преминот Дојран до Тасос има 4 наплатни пунктови, а вкупната патарина е 5,90 евра.

 

Цени на патарина до Парга и Врахос

Од границите на Евзони до Парга и Врахос има 7 наплатни пунктови, а вкупната патарина е 13,25 евра.

 

Цени на патарина до Крф

Од Евзони до Крф има 7 наплатни пунктови, а вкупната патарина е 13,25 евра.

 

Цените на патарините кон олимпискиот и солунскиот регион

Патарините на релација Евзони - Паралија, Лептокарија и Неи Пори 5,70 €

Од Евзони до Аспровалта и Врасна патарината е 7,45 €


 

извор: grckainfo.com

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано