Економија

За една година сточниот фонд во Хрватска бележи голем пад

Хрватските сточари со помалку молзни крави, говеда, овци...

Во текот на 2023 година во Хрватска има намалување на бројноста на говедата, молзните крави, свињите, козите овците и во живинарството, објави Државниот завод за статистика.

Лани вкупниот број на говеда во споредба со 2022 година е намален за 1,7 отсто. Минатата година продолжил надолниот тренд на бројот на  молзни крави кој е намален за 10,1 отсто.

Падот на бројот на грла е видлив и во овчарството изнесува 14,2 отсто, а бројот на молзните овци се намалени за 11,2 отсто. Бројот на козите е помал за 11 отсто, а на свињите за 9,7 отсто.

Во споредба со 2022 годин, намалувањето во жининарското производство изнесува 1,6 отсто, но бројот кокошки е зголемен за 2,8 отсто, објави „Сеебиз“.


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано