Економија

Италија мора да го прилагоди буџетскиот дефицит

Меѓународниот монетарен фонд предлага за Италија прилагодување на буџетот кој би водел кон одржливо намалување на јавниот долг на државата.

-       Италијанскиот јавен долг е висок и потребно е прилагодување на државниот буџет за да се намали. Италија е напредна економија со зголемен долг. Тоа е земја во која традиционално постои загриженост за пазарот за обврзници, соопшти Виктор Гаспар, директорот на фискалното одделение на ММФ.

Буџетскиот дефицит на Италија изнесува 4,3 отсто од бруто домашниот производ, се наведува во актулениот Економски и финансиски документ (ДЕФ)  кој секоја година во април се поднесува до Владата на Италија и претставува главен инструмент за финансиско и економско планирање.

Според очекувањата на ДЕФ, идната година буџетскиот дефицит на Италија ќе изнесува 3,7 отсто од БДП и ќе се намали на три отсто во 2026 година. Според процените, односот на италијанскиот јавен долг во БДП постепено ќе расте, но нема да надмине 140 отсто од БДП, пренесува „Бизнис.рс“.


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано