Економија

Цената на природниот гас повторно во пораст

Цената на природен гас во Европа достигна највисоко ниво во последните три месеци поради влошување на безбедносната состојба на Блискиот Исток. На вчерашното тргување на холандската берза ТТФ цената за еден мегават час се зголеми на 33,93 евра и е највисока цена од почетокот на годината. 

Причината за зголемување на цената за испорака на гасот е стравот на инвеститорите од нова војна на Блискиот Исток и заострување на односите меѓу Израел и Иран.

Цената на гасот во последната недела се зголеми за повеќе од 20 отсто. На почетокот на 2023 година цената на гасот се намали поради благата зима и големите резерви. Во февруари годинава цената за MWh изнесуваше 22,31 евро.

Европскиот комесар за енергетика Кадри Симсон објави дека пополнетоста на резервите на гас во Европската Унија на  крајот на март беа 58 отсто, што е рекордно ниво за овој период од годината, пренесува „Бизнис.рс“.  


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано