Економија

Германските компании со намалени инвестициски очекувања

Германските компании планираат да ги намалат инвестициите во 2024 година, а индексот кој ги мери инвестициските очекувања на германските компании во март е намален на минус 0,1 поен, за разлика од ноември минатата година кога изнесуваше 1,2 поена, се заклучува во извештајот на Институтот за економски истражувања ИФО во Минхен.

-       Глобалната побарувачка за капитални добра и репроматеријали е слаба. С è  уште е присутна неизвесноста во економската политика и затоа многу компании ги одложуваат своите инвестициски одлуки, изјави Лара Царге, економски експерт во ИФО.

Индикаторот со кој се мери подготвеноста за инвестирање во германската  економија од 6,6 поени во ноември 2023 година се намали на 1,4  поени во март, пред с è во индустриските сектори кои трошат големо количество на енергија.

Со слични инвестициски очекувања се и фирмите во хемиската индустрија, а загрижувачки сигнали има во германскиот автомобилски сектор каде индексот за подготвеност за инвестиции е намален од 34 поени во ноември на само 1,3 поени во март годинава, пренесува „Танјуг“.


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано