Економија
Мало намалување на јавниот долг во земјите од Европската Унија
23.04.2024г
Грција, Италија и Франција се најзадолжените земји во ЕУ
Јавниот долг на земјите од еврозоната се намали на крајот на четвртиот квартал од 2023 година на 88,6 отсто од 89,9 отсто во претходниот квартал, објави Евростат
Во Европската Унија, јавниот долг на крајот на четвртиот квартал од 2023 година изнесува 81,7 отсто од БДП, што претставува намалување од 0,7 процентни поени во однос на претходниот квартал.
Во однос на четвртиот квартал од 2022 година, јавниот долг на еврозоната е намален за 2,2 отсто, а јавниот долг на Европската Унија за 1,7 отсто.
Најзадолжени земји во Европската Унија е Грција со долг од 161,9 отсто од БДП, потоа Италија со долг од 137,3 отсто и Франција со долг од 110,6 отсто.
Најмалку задолжена земја од еврозоната е Естонија со долг од 19,6 отсто од БДП, Бугарија со долг од 23,1 отсто од БДП и Луксембург со 25,7 отсто.
Во наведениотпериод се намали и буџетскиот дефицит на земјите од еврозоната, од 3,7 отсто од БДП во 2022 година на 3,6 отсто од БДП во 2023 година, објави Евростат.
Буџетскиот дефицит на целата Европска Унија се зголеми од 3,4 отсто во 2022 година на 3,5 отсто од БДП во 2023 година.
Во 2023 година само четири земји од еврозоната забележаа буџетски суфицит и тоа Кипар и Данска со суфицит од 3,1 отсто, Ирска 1,7 отсто, Португалија 1,2 отсто.
Буџетскиот дефицит во 2023 година е најголем во Италија и изнесува 7,4 отсто од БДП, пренесува порталот „Бизнис и финансии“.
фото freepic