Економија

Европската комисија очекува намалување на цената на гасот

Европската комисија очекува пад на цените на гасот наспроти порастот на понудата на течен природен гас (ЛНГ),  што отвора можност за вложување во обновливи извори на енергија, изјави денеска Урсула фон дер Лајен.

Според нејзините зборови, можно е од глобален недостиг на течен природен гас да се премине во обратна насока односно да се јави поголема понуда на ЛНГ.

-       Затоа очекуваме да се намалат цените на гасот, изјави претседателката на ЕК, пренесува „Ројтерс“.

На денешното отворање на берзата ТТФ е европските фјучерси на гас се продаваа по цена од 29,315 евра за мегават час. Испораките на течен природен гас (ЛНГ) во Европа во февруари годинава изнесуваа 9,74 милијарди кубни метри, што е помалку за 8,1 отсто во однос на јануари годинава, покажуваат податоците на Здружението на европските оператори на гас.


 

фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано