Економија
Германската влада очекува стагнација на економијата
25.04.2024г
Германската економија годинава ќе стагнира и би трабала да прикаже раст од 0,3 отсто. Ова се најновите пролетни прогнози на германското министерство за економија, со кои се направени позитивни корекции за 0,1 отсто.
- Во наредниот период очекуваме благо заздравување на економските активности и излегување на економијата од фазата на слабост, изјави Роберт Хабек, министерот за економија во германската влада.
Како позитивни фактори за подобрување на економијата се споменуваат ниската стапка на инфлација, релаксирање на монетарната политика, поголемите плати и подобрувањето на надворешните побарувања. Добри сигнали доаѓаат и со подобрување на прогнозите за пораст на светската економија, која ќе и користи на германската извозна индустрија.
Меѓународниот монетарен фонд во април ја зголеми прогнозата за раст на светската економија на 3,2 отсто, но ја намали оцената за годинашниот раст на Германија од 0,5 на 0,2 отсто.
Во 2025 година германската влада очекува раст на активностите за еден отсто.
фото freepic