Економија

Цените на струјата и на гасот се намалиле во Европската Унија

Цените на струјата се намалија во 13 земји на Европската Унија во втората половина на 2023 година. Трошоците за енергија во ЕУ сè уште остануваат на високо ниво, во споредба со трошоците пред ценовниот врв во 2022 година.

Во истиот период просечните цени на електричната енергија за домаќинствата во ЕУ се намалија на 28,5 евра за 100 kWh во споредба со првата половина кога изнесуваа 29,4 евра за 100 kWh. Просечната цена на гасот за домаќинствата во ЕУ во втората половина на 2023 година се намали на 11,3 евра за 100 kWh во споредба со првата половина од 2023 година кога изнесуваа 11,9 евра за 100 kWh.  Податоците на Евростат покажуваат дека цените на електричната енергија за домаќинствата паднале во 13 земји,  

Просечните цени на електричната енергија за домаќинствата во втората половина на 2023 година беа најниски во Унгарија (11,3 евра за 100 kWh), Бугарија (11,9 евра) и Малта (12,8 евра), а највисоки во Германија (40,2 евра),  Ирска (37,9 евра) и Белгија (37,8 евра), пренесува „Фаинанс.хр“.


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано