Економија

Состојбата во германската градежна индустрија се подобрува

Германската градежна индустрија извршила повеќе работи во февруари годинава во однос на претходниот месец, а обемот на новите нарачки е повисок за 1,8 отсто, објави Сојузниот завод за статистика.

Обемот на градежните работи во високоградбата, вклучително и на згради, забележи раст од 0,5 отсто, додека нискоградбата, односно изградбата на инфраструктурата има значителен раст со стапка од 2,9 отсто.

Градежната индустрија во Германија  во февруари се зголеми за 0,9 отсто на годишно ниво, а во првите два месеца годинава за 1,1 отсто. Номиналната стапка на раст, односно без влијание на инфлацијата, изнесуваше 4,1 отсто, пренесе „Бизнис.рс“.


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано