Економија
Неповолни индикатори за Франција и Италија во априлскиот извештај на Европската комисија
30.04.2024г.
Неочекувано влошување на економското расположение во еврозоната
Економското расположение во еврозоната неочекувано се влоши во април, се заклучува во денешниот објавен извештај на Европската комисија.
Вредноста на индикаторот со кој се мери економското раположение (ЕСИ) во еврозоната на месечно ниво се намали за 0,6 поени односно изнесува 95,6 поени, пренесува „Еуроњуз“.
Расположението меѓу производителите во еврозоната се намали на најниско ниво од јули 2020 година. Вредноста на ЕСИ е намалено и меѓу услужните компании и продавачите на мало и во градежништвото.
Од земјите во еврозоната, најголемо месечно влошување на економското расположение има во Франција и тоа за 4,8 поени и во Италија за 1,3 поени. Расположението е подобрено во Шпанија за 2,3 поени и во Германија за 1,5 поени, се наведува во извештајот на Европската комисија.
фото freepic