Економија
Европската Унија со нови фискални правила
30.04.2024г.
Франција, Италија и Белгија пред опомена за високиот буџетски дефицит
Франција, Италија, Белгија и уште осум земји на Европската Унија ќе добијат опомена од Европската Комисија поради преголемите државни трошења. Оваа година стапуваат на сила новите фискални правила на ЕУ, а се однесуваат и на одржувањето на буџетските дефицити и кои во минатата година изнесувале над три отсто од БДП.
Европската Унија во јуни ќе одлучи дали ќе почне постапка поради преголемиот дефицит во одредени членки на ЕУ. Земјите од еврозоната можат да бидат парично казнети доколку не ги корегираат своите дефицити. Овие фискални правила беа суспендирани за време на пандемијата со ковид-19 и сега повторно се применуваат. За јакнење на правила придонесе и Европската централна банка.
Некои земји, како Шпанија и Чешка, најавија дека нивните дефицити ќе бидат под три отсто и се надеваат дека нема да бидат казнети поради привременото пречекорување на државните трошења. Полска и Романија и Словачка кои се челнки на еврозоната бараат да бидат иземени од ова фискално правило затоа што имаат зголемени воени трошоци поради војната во Украина.
Полска имаше дефицит поголем од пет проценти во 2023 година и потроши 3,9 отсто од својот БДП за одбрана, пренесе „Бизнис.ба“.
фото freepic