Економија

Производството на нафта и гас во САД ги надминува рекордите

Производството на нафта во САД е зголемено за 1,4 отсто, а производството на гас за 1,1 отсто во однос на минатогодишниот рекорд. Минатата година беше рекордна за производството на нафта во САД со просечно дневно производство од 12,93 милиони барели дневно (бпд), објави Управата за енергетски информации (ЕИА).

Просечното дневно производство од почетокот на 2024 година до сега изнесуваше 13,12 милиони барели дневно, што е за 1,4 отсто повеќе од минатогодишнното производство.

Производството на природен гас бележи слично темпо на раст и во јануари годинава е зголемено за 1,1 отсто во однос на истиот месец во 2023 година.

Бројот на бушотини за нафта и гас во САД е за 20 отсто помал од состојбата пред една година, но се очекува со порастот на цената на нафтата да се поттикнат нови наоѓалишта и  зголемено производство во САД, се заклучува во соопштението на ЕИА, пренесува „Политика“.


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано