Економија
Просечната сметка за струја во Црна Гора е 28,73 евра
13.05.2024г.
Просечната сметка за електрична енергија за домаќинствата во април во Црна Гора изнесува 28,73 евра. Домаќинствата во Жабљак имаат најниска просечна потрошувачка во вредност од 17,09 евра, а најголема просечна месечна сметка за струја има во Тиват, каде домаќинствата платиле 34,03 евра. пренесува „Мина“.
Речиси 67 отсто од домаќинствата добиле априлски сметки во износ до 30 евра, 17,6 отсто од имаат потрошено струја во вредност од 30 до 50 евра. Од 50 до 100 евра платиле 12,7 отсто од потрошувачите, а над 100 евра платиле 2,7 отсто од домаќинствата во Црна Гора.
- Бројот на потрошувачите кои добиле попуст изнесува 201 илјада, односно 51,07 отсто од домаќинствата во Црна Гора, информираат од Електростопанство на Црна Гора.
Домаќинствата во април потрошиле 102,3 милиони киловатчасови електрична енергија, што е намалување од 18,96 отсто во однос на потрошувачката остварена во март. Во однос на април минатата година потрошувачката е намалена за 10,71 отсто, пренесува „Бизнис.рс“.
фото freepic