Економија
ЕЦБ: Финанскиската стабилност на еврозоната се подобрува
17.05.2024г.
Финансиската стабилност во еврозоната се подобрила поради помалиот ризик од рецесија, но пазарите и натаму се изложени на можни негативни макрофинансиски и геополитички изненадувања, се наведува во објавениот мајски Преглед за финансиската стабилност на Европската централна банка (ЕЦБ).
На финансиската стабилност на еврозоната позитивно влијаело подобрувањето на економските изгледи, падот на инфлацијата и враќањето на довербата на инвеститорите. Но растот на геополитичките и глобалната политичка неизвесност значи дека ризиците и натаму се присутни. Идните предизвици, според ЕЦБ, се однесуваат на три извори. Првиот се однесува на растечките загуби во некои кредитни портфолија, посебно со прометот на комерцијалните недвижности. Потоа изгледите трошоците за финансирање ќе останат високи иако каматните стапки почнаа да се намалуваат. И трето, приходите на банките можат да бидат намалени бидејќи оперативните приходи слабеат поради пригушениот раст на заемите и ниските приходи од идните кредити со променлива каматна стапка.
Во извештајот се нагласува дека банкарскиот ситем во еврозоната е доволно силен за прашањето на капиталот и ликвидноста и да можат да се пребродат овие ризици, пренесува „Танјуг“.
фото freepic