Економија
Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија
17.05.2024г.
Европската комисија повторно ја намали прогнозата за растот на германската економија за годинава. Според новиот извештај на ЕК, бруто домашниот производ на Германија за 2024 година ќе расте со стапка од 0,1 отсто.
Економистите причините за нискиот раст на германската економија ги гледаат во слабата надворешна побарувачка, воздржаноста кај домашната потрошувачка и недоволните инвестиции, пренесува ДПА.
Во претходната прогноза Европската комисија за најголемата европска економија прогнозираше раст од 0,3 отсто.
Изгледите за целата економија на Европската Унија се малку подобри и сега се предвидува малку послаб раст од еден процентен поен. Растот во еврозоната според проценките на ЕК ќе остане на 0,8 отсто.
фото wikipedia.org