Економија
Хрватска ќе воведе даночни олеснувања за враќање на иселениците
17.05.2024г.
Во програмата на Владата на Хрватска за периодот 2024-2028 година ќе бидат вградени предлозите на Домовински покрет за даночното олеснување за хрватските иселеници кои сакаат да се вратат во земјата.
- Со мерките на фискалната политика ќе ги поттикнуваме враќањето на хрватските државјани во Хрватска. За лицата кои непрекинато престојувале во странство најмалку две години ќе воведеме ослободување на плаќањето на данок на доход во траење од пет години, посочуваат од партијата Домовински покрет која ќе биде дел од новата владејачка коалиција предводена од ХДЗ.
Покрај ова во програмата на Домовински покрет се предвидува и зголемување на бројот на стипендиите за припадниците на хрватското национално малцинство кои студираат во Хрватска. Ќе биде продложено и давање на финансиска поддршка за семејствата кои ќе се вратат во татковината во вид на еднократка помош за покривање на трошоците за преселбата, како и ослободување од даночните обврски во текот на 10 години од преселбата во Хрватска, објави „Сеебиз“.
фото freepic