Економија
Во Германија има голем јаз меѓу изградбата и побарувачката на станови
17.05.2024
Во Германија минатата година биле изградени околу 295.000 станови, а тоа е значително помалку од проектираната цел за изградба на 400.000 станбени единици годишно, објави агенцијата ДПА, повикувајќи се на информациите добиени од сопствени извори.
Од Министерството за градежнитшво на Германија информираат дека официјалните податоци од Федералниуот завод за статистика ќе бидат објавени следниот четврток.
- Доколку се потврдат бројките кои се објавени во медиумите, ова значи дека германската градежна индустрија поминува низ кризата, но без да се изгубат работните места, изјави портпаролот на германското министерство.
Градежните проекти во последните две години значително поскапеа цените на становите поради брзиот раст на каматите на кредитите, но и поради високите трошоци на изградба. Од германските компании се жалат на недостиг на работна сила и на откажување на договорените работи.
На Германија и недостасуваат околу 800.000 станови и со пониска цена, покажала студијата на градежниот истражувачки институт Арге.
фото freepic