Економија

ПОСКАПА СТРУЈА ЗА ДОМАЌИНСТВАТА ЗА 50 ОТСТО, е условот за Египет за финансискиот пакет од ММФ

Египетската влада ги зголеми цените на електричната енергија за домаќинствата за 50 отсто. Оваа одлука следува по постепеното укинување на субвенциите  како дел од договорот со Меѓународниот монетарен фонд, пренесува „Ротерс“.

Претходно, ММФ соопшти дека Египет почна да ја заострува монетарната политика со цел да помине на режим на флексибилен девизен курс и на либерализиран систем на размена.

Во рамките на овој монетарен пакет се зголемени и цените на горивата за да се покрие буџетскиот дефицит, кој е поизразен од декември 2022 година.

Одборот на ММФ на 29 март одобри програма за финансиска поддршка на Египет во вредност од осум милијарди долари.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано