Економија
КИНА ГИ ЗАДРЖА КЛУЧНИТЕ КАМАТНИ СТАПКИ, кинеската економија во 2024 година се зголеми за пет отсто
20.08.2024
Народната банка на Кина одлучи да ги задржи каматната стапка на едногодишните заеми (ЛПР) на 3,35 отсто, и на каматната стапка на петгодишните заеми кои се однесуваат на хипотеките, на 3,85 отсто. Двете каматни стапки се на најниско ниво во историјата.
Одлуката беше очекувана од причина што последното намалување беше во јуни годинава за 10 базични поени, изјави Беки Лиу директорката на Одделението за кинеска макростратегија во британската Стандард Чартеред банка. Но, таа не ја исклучи можноста Кина дополнително да ја намали каматната стапка во третиот квартал годинава.
Кинеската економија во првата половина на 2024 година се зголеми за пет отсто, објави кинеското Национално биро за статистика. Вредноста на кинескиот БДП од јануари до јуни достигна околу 61,68 билиони јуани околу 8 билиони евра. Во вториот квартал кинеската економија порасна за 4,7 отсто, пренесува „Блиц“.
фото freepic