Економија

РУСИЈА ПРЕТСТАВИ ПЛАН ЗА НОВИ 11 НУКЛЕАРНИ ЕЛЕКТРАНИ, инсталираната моќност на сите електрани треба да достигне 34.576 мегавати

Русија денеска го претстави планот до 2042 година за изградба на 11 нови големи и мали нуклеарни електрани за производство на струја.  Нацрт дијаграмот на идните објекти за производство на електрична енергија е даден на јавна расправа, пренесе ТАСС.

Во додатокот на документот се наведува дека новите нуклеарни електрани ќе бидат градени во: Ростов, Свердловск, Чељанинск, Томск, Приморско, Краснорајск, во Ханаровската област, како и во Чукотка и Јакута.

Според нацрт планот, инсталираната моќност на сите руски нуклеарни електрани треба да достигне 34.576 мегавати, што е 12,3 отсто од вкупната инсталирана страна на електраните во Русија.

Инсталираната моќност на ветерните и соларните електрани треба до крајот на 2042 година  да достигне 7,6 отсто од вкупната инсталирана моќност во земјата од 22.658 мегавати, пренесува „Еуроњуз“.  


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано