Економија

КИНА СО КОНТРА ИСТРАГА ЗА СУБВЕНЦИИТЕ НА МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ ОД ЕУ, Пекинг одговори на планот на ЕУ за воведување царини за кинеските електрични возила

Кина денеска почна истрага за субвенциите на увезените млечни производи од Европската Унија, ден по објавата на Брисел за ревидираниот план за царини за увоз на електрични возила од кинеско производство.

Европската Унија вчера ги ревидираше своите предложени казнени царини на увозот на кинеските електрични возила од 37,6 на 36,3 отсто. Но, наспроти молбите на Пекинг не беа повлечени целосно новите и повисоки царини за кинеските возила.

Со истрагата за субвенции на увезени млечни производи од страна на кинеските служби, ќе бидат опфатени повеќе видови на сирење, млеко и павлака. Кина ќе  набљудува околу 20 шеми за субвенционирање од целата ЕУ, а посебно од Австрија, Белгија, Хрватска, Чешка, Финска, Италија, Ирска и Романија.

Ирска е најголем извозник на млечни производи и минатата година во Кина продала производи во вредност од 461 милион долари.

Европската Унија во Кина во 2023 година извезе млечни производи во вредност од 1,7 милијарди евра. Кина во јуни покрена антидампинг  истрага за увоз на свинско месо од ЕУ, а главни извозници се Шпанија, Холандија и Данска.

Вкупниот извоз на свинско месо и млечни производи од ЕУ во Кина, кои би можеле да се најдат под ново оцаринување, е помал од вредноста на кинескиот извоз на батерии за електрични автомобили во ЕУ. Во 2023 година овој извоз изнесуваше околу 13,5 милијарди долари, објави „Индекс“.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано