Економија
РАСТОТ НА „МИНИМАЛЕЦОТ“ ДА БИДЕ ПОГОЛЕМ ОД 10 ОТСТО, предлага српската влада со проекциите до 2027 тој да достигне 650 евра
23.08.2024
Владата на Србија предложи растот на минималната плата во 2025 година да биде поголем од 10 отсто, со што би се остварил тригодишен континуитет на двоцифрената стапка на раст на „минималецот“. Во 2023 година минималната цена на трудот во Србија беше зголемена за рекордни 17,8 отсто, а во 2022 година за 14,3 отсто.
Државниот секретар на Министерството за финансии Саша Стевановиќ очекува разговорите за минималната плата за 2025 година да поминат во конструктивен дијалог и очекува сите страни да изнајдат решение за износот кој ќе овозможи и одржување на макроекономската стабилност.
- Економските перформанси на Србија се добри. Вработеноста е рекордна. Зад нас е една деценија со работа Србија да се стави на здрави економски темели и тое единствено носи економски раст, а со тоа и раст на платите и пензиите, изјави Стевановиќ.
Со зголемување на минималецот проекциите до 2027 година се да достигне 650 евра, пренесува „Политика“.
фото freepic