Економија

ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ЗАБРЗАНО СЕ ПРИБЛИЖУВААТ КОН ПРОСЕКОТ НА ЕУ, во Македонија цените на храната се 68 отсто од просекот во Унијата

Пред почетокот на инфлаторниот бран во  2020 година, кој ги зафати земјите во Европа, цените на храната во Србија беа за 20 отсто под просекот на Европската Унија. Вкупната потрошувачка на домаќинствата во Србија во 2023 година била на 67,7 отсто од просекот на ЕУ, што е раст за околу 10 отсто во однос на 2020 година. Податоците на Еуростат покажуваат дека конвергенцијата односно приближувањето на земјите од Западен Балкан најдобро функционира само кога станува збор за висината на цената на храната со земјите од Европската Унија, пишува „Данас“.

Во Европа цените храната во Швајцарија се највисоки за околу 58 отсто над просекот на ЕУ.  Во оваа група се и Норвешка, Исланд и Луксембург.  Земјите од Централна и Источна Европа имаат поевтина храна. Во Полска граѓаните плаќале 22,5 отсто помалку од просекот на ЕУ, во Бугарија  11,7 отсто од просекот, а најевтина храна имале во Романија со цени од 73,5 отсто од просекот на ЕУ.

Во Црна Гора цените на храната биле околу 87 отсто од просекот, во Македонија  е 68 отсто од просекот. Најевтина храна била во Турција за 36 отсто под просекот.

Во Европската Унија најевтина облека има во Шпанија за 19 отсто под просекот, а во Турција цените на облеката се најниски или за 70 отсто под просекот од ЕУ, објави „Данас“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано