Економија

ХРВАТСКА СООЧЕНА СО ЕГЗОДУС НА „БЕЛИТЕ МАНТИЛИ“, лошо управување, непотизам, мобинг и политички поделби се причините за иселување на лекарите

Во последните десет години од Хрватска се иселиле  1214 доктори, а на нивната одлука најмногу влијалело лошото управување и организација на здравствениот систем, покажало истражувањето на хрватските социолози објавен во магазинот Миграции и етнички теми. Истражувањето било спроведено со 18 доктори, кои веќе се иселиле од Хрватска, а целта била да се идентификуваат мотивите за заминувањеето на лекарскиот персонал.

Лошото управување и организирање на здравствениот систем во Хрватска е примарна причина за заминувањето, пред професионалните аспирации на докторите, која е втора причина за нивно иселување од земјата.

Поширокиот општествени политички амбиент е пошироката слика за да се одлучат да заминат докторите, а тоа се однесува на негативна институционална пракса, како што е клиентелизмот и корупцијата.

Поголем број од анкетираните лица посочиле на лоши меѓучовечки односи како една од најважните причини за иселување. Поделбата на политички табори на „наши“ и „нивни“ и изразениот облик на непотизам се дополнителен фактор за егзодусот на докторите. Во делот на лошите меѓучовечки односи се споменуваат и различните облици на мобинг и искористување на моќта на поединци на раководни позиции, што се изразува најмногу кон помладите колеги, пренесува „Индекс.хр“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано