Економија
КАНАДА ВОВЕДЕ ЦАРИНИ ЗА КИНЕСКИТЕ Е-ВОЗИЛА, Отава најави и царина од 25 отсто на увоз на челик и алуминиум од Кина
27.08.2024
Канадската влада соопшти дека ќе го следи примерот на САД и ќе воведе царини од 100 отсто на увозот на кинески електрични возила.
Отава најави и царина од 25 отсто на увоз на челик и алуминиум од Кина, пренесе „Ројтерс“.
Новите тарифи ќе бидат воведени од 1 октомври годинава.
Премиерот Џастин Трудо изјави дека канадските власти мора да делува за да се спротивстави на „кинеската политика на поддршка на производството на енормни капацитети“.
Канадскиот премиер не прецизираше дали тарифата ќе биде ублажена или ќе биде иста и за автомобилската компанија „Тесла“. Премиерот Трудо нагласи дека е важно за Канада да работи во согласност со другите економии во светот.
Отава ја разгледува и опцијата за казнени мерки односно воведување царини и за чипови и соларни ќелии од Кина, пренесува „Новости“.
фото freepic