Економија

ХРВАТСКА Е ВТОРА СПОРЕД РАСТОТ НА БДП ВО ЕУ, растот на потрошувачката на домаќинствата главен мотор на хрватската економија

Хрватската економија во вториот квартал годинава забележа раст од 3,3 отсто, но тоа е послаб раст во однос на претходниот квартал, кога  изнесуваше 3,9 отсто. Растот на БДП се должи на растот на потрошувачката и инвестициите. Со ова хрватската економија  оствари континуиран раст во 14 квартали.

Државниот завод за статистика објави дека потрошувачката на домаќинствата во Хрватска пораснала за 6,1 отсто во однос на истиот период од минатата година. Бруто инвестициите во фиксен капитал пораснале за  12,9 отсто на годишно ниво. Во првиот квартал годинава овој индикатор забележал раст од 10,8 отсто.

Државната потрошувачка пораснала за 4 отсто, а првиот квартал нејзиниот раст беше за еден отсто.

- Хрватска е втора по растот на БДП во Европската Унија. Пред нас е Малта. Хрватскиот раст е подобар од претходните проценки и тоа е добра вест, изјави Олег Бутковиќ, потпрестедател на владата во Хрватска и министер за море, трговија и инфраструктура, пренесе „Индекс“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано