Економија
ГЕРМАНИЈА ОСТАНУВА ПРЕД ЗОНАТА НА РЕЦЕСИЈА, германската економија во вториот квартал повторно забавува
28.08.2024
Германската економија забележа благо намалување во вториот квартал годинава, поради помалите вложувања и кризата во градежната индустрија. Бруто домашниот производ (БДП) се намали за 0,1 отсто во однос на претходниот квартал, кога забележа минимален раст од 0,2 отсто, соопштија од Дестатис.
- По благиот раст во претходното тромесечие, германската економија во вториот квартал повторно забавува, изјави Рут Бранд, претседателка на Дестатис.
Германската економија е најголема во Европа, но со години поминува низ криза. Во вториот квартал годинава таа оствари полоши резултати од економиите на Шпанија и Франција.
Со слабиот резултат на економски раст постои ризик Германија повторно да падне во рецесија.
Германската централна банка предвидува дека економското опоравување на земјата дополнително да се одложи. Според статистичарите, една од причините за забавување на растот е падот на вложувањата во опремата од 4,1 отсто, посебно во машини, апарати и автомобили. Падот на инвестициите во градежништвото од два отсто влијаеше и на намалениот економски раст, а извозот на стоки и услуги е намален за 0,2 отсто, пренесува „Вијести“.
фото freepic