Економија
ПАНАМСКИОТ КАНАЛ СЕ СООЧУВА СО СУША, управата на каналот очекува со дождовната сезона да се вратат на 34,5 транзити дневно
28.08.2024
Панамскиот канал се соочува со проблеми поради сушата во наредните четири години, соопштија од управата на вториот по големина пловен пат на светот.
Администраторот на Панамскиот канал Рикарте Васкез, најави враќање на дневниот транзит од 36 брода и максималната длабочина од 15 метри за премин на пловилата, што се смета за нормални стандарди за овој период од годината, пренесува „Ројтерс“.
Во изминатиот период овој пловен пат, кој ги спојува Атланскиот Океан и Тихиот Океан, е погоден со тешка суша.
- Зачестеноста на сушите сега е поголема од минатото. Каналот зависи од дождовите, затоа што на пловниот пат се користи и слатка вода од езерото кое се полни со дождовницата, изјави Васкез.
Минатогодишната програма за штедење на водата доведе до подолго времетраење за премин на каналот. Панамските власти очекуваат приходот од каналот за оваа фискална година да биде во планираните 4,78 милијарди долари. Приходот за наредната фискална година, која почнува во октомври, е проектиран на 5,6 милијарди долари. Се очекува со дождовната сезона во ноември да се овозможи по 34,5 транзити дневно, во споредба со 24 преминувања во минатиот период, пренесува „Еуроњуз“.
фото freepic