Економија
СЛОВЕНЦИТЕ НА РЕФЕРЕНДУМ ЗА ВТОРИОТ НУКЛЕАРЕН БЛОК НА КРШКО, се планира изградба на еден реактор од 2400 МW или два поединечни реактора
28.08.2024
Во Словенија во ноември треба да се одржи советодавен референдум за изградба на новата нуклеарна електрана Кршко (НЕК 2). За одржувањето на референдумот постои консензус кај политичките партии во земјата. Граѓаните ќе треба да се изјаснат за референдумското прашање „дали го поддржуваат спроведувањето на проектот НЕК 2 кој од други нискојагленички извори ќе обезбеди стабилно снабдување со електрична енергија“.
Ова станува стратешко прашање за енергетската иднина на земјата по одлуката за прекин на користењето на јагленот во наредните години, но и за економскиот развој на Словенија.
Компанијата „Ген енергија“, која управува со постојната Нукеларна електрана Кршко (НЕК), на проектот за нов нуклеарен блок работи две децении и за изработка на неколку студии потроши околу 22 милиони евра. Владата на Јанез Јанша во 2021 година издаде енергетска дозвола за реализација на проектот, со што се отвори простор за почнување на многу административни процедури. Инвеститорот ги зголеми амбициозните планови и од првобитно планираниот капацитет на реакторот со моќност од 1000 мегавати, се планира изградба на еден реактор од 2400 МW или два поединечни реактора.
НЕК минатата година доби еколошка согласност за продолжување на работата за дополнителни 20 години односно најмалку до 2043 година, пренесува „Екапија“.
фото freepic