Економија
ВО СРБИЈА СЕ ОГРАНИЧУВААТ ЦЕНИТЕ НА 81 ПРОИЗВОД, акцијата „Најдобра цена“ ќе се применува од 1 септември до 31 октомври
29.08.2024
Српскиот премиер Милош Вучевиќ денека ќе ги соопшти информациите за новата акција „Најдобра цена“ со која ќе бидат ограничени цените на 81 производ. На листата за ограничени цени ќе се најдат основни прехранбени производи, од јогурти, до сапуни и прашок за перење. Ограничените цени ќе важат од 1 септември до 31 октомври и тие ќе бидат пониски во однос на цените на акциска продажба на големите трговски фирми.
Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа изјави дека септември и октомври се најтешки месеци за граѓаните, кога станува збор за трошење на семејниот буџет.
- Во акцијата за најдобра цена ќе бидат опфатени, прехранбени производи, чајна, шампони, прашок за перење, јогурт, овошје, зеленчук... се што е најпотребно за луѓето. Со ова сакаме да ја подигнеме одговорноста кај трговците и да покажеме колку се грижиме за сиромашните и за граѓаните од средна класа, изјави Вучиќ.
фото freepic