Економија

АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА СО ЗАБРЗАН РАСТ

Растот на економијата на САД од април до јуни годинава е ревидиран на три отсто на годишно ниво, додека претходно беше проектиран на 2,8 отсто во вториот квартал, соопшти денеска Министертсвото за трговија.

Економијата на САД во вториот квартал покажува нагло забрзување во однос на стапката на раст од 1,4 отсто во првите три месеци годинава. Растот е поттикнат од зголемена потрошувачка на граѓаните и на деловните инвестиции.

Потрошувачката која претставува околу 70 отсто од економската активност на САД се зголеми со годишна стапка од 2,9 отсто во последниот квартал. Деловните инвестиции се зголемија за 7,5 отсто, а растот се должи на скокот на инвестициите во опрема од 10,8 отсто.

Економијата на САД покажува отпорност но постепено забавува под притисокот на високите каматни стапки.

Стапката на невработеност растеше четири месеци по ред и достигна 4,3 отсто. Темпото на новите вработувања  се намали,  но  се уште  се на солидно ниво, пренесува „Данас“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано