Економија
ВИСОК РАСТ НА ПЛАТИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, просечната бруто плата во јули изнесувала 1.070 евра
30.08.2024
Просечната плата во јули во Црна Гора, без даноци и придонеси, изнесува 851 евро и е 1,6 отсто поголема во однос на претходниот месец. Просечната нето плата во јули споредено со истиот месец лани е повисока за 6,8 отсто, објави Монстат. Просечната бруто плата во јули изнесувала 1.070 евра.
- Ако се има предвид дека потрошувачките цени во јули во однос на јуни се зголемиле за 0,4 отсто, реалните плати за еден месец се зголемиле за 1,2 отсто, соопштуваат од Монстат.
Највисок раст на нето плата од 6,2 отсто има во секторот за образование и за 4,7 отсто во сообраќајот и складиштење. Месечен пад на просечната плата е забележан во секторот снабдување со електрична енергија, гас , пареа и климатизација за 2,2 отсто.
фото freepic