Економија
ИНДИСКИОТ ЕКОНОМСКИ РАСТ ГО ДОСТИГНА ВРВОТ, во второто тромесечие Индија постигна најмал раст во последните пет квартали
30.08.2024
Индија во второто тромесечие годинава забележа раст на БДП од 6,7 отсто на годишно ниво. Ова е за 0,4 процентни поени помалку од економскиот раст во првото тромесечие годинава.
Индија е петта најголема економија во светот. Индискиот БДП во вториот квартал годинава забележа најнизок раст во последните пет квартали.
Помалиот раст е резултат на помалата државна и приватна потрошувачка, но и поради последиците од долготрајниот топлотен бран во некои делови од земјата, кои се одразува на помалатa лична потрошувачка на граѓаните, кои ги избегнуваат жешките денови за пазарење. Топлото време се одразува и на туризмот и угостителскиот сектор, пренесува АФП.
Како поголем проблем за индиската влада е континуираниот раст на цените на храната, што ја спречува централната банка во релаксирањето на монетарната политика.
Меѓународниот монетарен фонд очекува Индија да забележи раст на БДП од седум отсто во фискалната 2024-2025 година. Минатата фискална година земјата ја заврши со економски раст од 8,2 отсто, објави „Сеебиз“.
фото freepic