Економија

ЕЦБ ПРЕД НОВО НАМАЛУВАЊЕ НА КАМАТИТЕ ВО СЕПТЕМВРИ, инфлацијата во еврозоната се намали на 2,2 отсто

Европската централна банка (ЕЦБ) ја разгледува можноста за ново намалување на каматните стапки на својот следен состанок на 12 септември, откако инфлацијата во еврозоната овој месец се намали на најниско ниво од јуни 2021 година, објави „Гардијан“.

Европската централна банка во јуни годинава ја намали својата главна каматна стапка на 3,75 отсто од претходното ниво од четири отсто. Тоа беше прв чекор за намалување на стапката од 2019 година.

Инфлацијата во Унијата во август се намали на 2,2 отсто, додека во јули изнесуваше 2,6 отсто. Стапката на инфлација во ЕУ се приближува кон поскакуваната цел од два отсто.

Во август имаше намалување на цените на енергијата и тоа влијаеше на намалување на европскиот хармонизиран индекс на потрошувачки цени, објави Евростат. Базната инфлација, која ги опфаќа и цените на енергијата, благо се намали од 2,9 на 2,8 отсто. Но, инфлацијата на услугите се зголеми на 4,2 отсто поради поскапувањата во Франција за време на Олимписките игри во Париз, пренесе „Политика“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано