Економија

ПРОДАЖНА ЕКСПАНЗИЈА НА Е-АВТОМОБИЛИ ВО УНГАРИЈА, оваа земја е четврти најбрзо растечки пазар во Европа

Во Унгарија бројот на нови регистрации на електрични автомобили  во јули е зголемен за 63,9 отсто во однос на истиот месец минатата година, објави Европското здружение на производители на автомобили.

Овој висок раст ја позиционира Унгарија како четврто најбрзо растечки пазар на електрични автомобили во Европа. Пред неа се Хрватска, Чешка и Данска.

Од јануари до јули 2024 година бројот на регистрации во Унгарија надмина над 60 отсто, а нејзе ја надмина само Малта, која имаше помал вкупен број на продадени автомобили со погон на струја.

Во првата половина на годината на ниво на Европската Унија е забележан пад на бројот на регистрирани електрични возила за 0,4 отсто, пренесува „Капитал.ба“.


фото freepic 

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано