Економија

ПАРИЗ СО НАЈГОЛЕМИ ПРИХОДИ ОД УРБАНИОТ ТУРИЗАМ, кои се другите градови во светот со највисоки приходи од туризмот

Главниот град на  Франција  остварил најголеми приходи од доаѓањето на туристите во 2022 година, покажала анализата на Светскиот совет за патување и туризам (WTTC).

Заработувачката на Париз, кој е град со најголем број на меѓународни туристички доаѓања во светот, изнесувала 35,65 милијарди долари во 2022 година.

На второ и трето место се Пекинг и Орландо со приходи од 32,6 милијарди и 31,1 милијарда американски долари.

На листата на „најтуристички“ градови се и двата кинески града Шангај и Гуангжу. На петто и шесто место се Лос Анџелес (приход од 22,9 милијарди долари) и Њујорк (со 21,09 милијарди долари). Токио остварил туристички промет од 17,9 милијарди долари, Мексико Сити  со 16,7 милијарди и Лондон е на деветто место со заработка од 14,9 милијарди долари.

Во 2023 година Франција беше најомилена туристичка дестинација во светот со 100 милиони меѓународни туристички доаѓања. По неа се: Шпанија, САД и Италија.

Во 2023 година туристичките доаѓања во светот изнесуваа 1,3 милијарди, со годишен раст од 33 отсто. Но тоа не беше доволно да се надмине највисокото ниво кое е постигнато во 2019 година. Но приходите од туризмот во 2023 година  ги надминаа од пред пандемиската  година и изнесуваа 1,5 билиони долари, пренесува „Нова економија“.


фото freepic 

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано