Економија

БУГАРИЈА ЈА ПРЕТЕКНА МАКЕДОНИЈА СО ВИСИНАТА НА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА, најмалите плати во ЕУ се движат од 477 евра во Бугарија до 2.571 евро во Луксембург

До 15 ноември треба да стапи на сила новата директива во Европската Унија за минималните плати, а целта е најмалата загарантирана плата да изнесува 60 отсто од просечната плата. Дваесет и две земји од 27 земји членки на ЕУ  имаат воспоставено национална минимална плата , а тоа значи дека работодавачите се обврзани да исплаќаат плата на работниците над националната минимална плата, пишува „Бизнис.рс“.

-  Од десет земји кандидати и потенцијални кандидати за членство во ЕУ, седум имаат утврдено минимална плата. Тоа се: Црна Гора, Молдавија, Македонија, Албанија, Србија, Турција и Украина. Минималните плати во овие земји се движат од 185 евра во Украина до 568 евра во Турција, се наведува во извештајот на Евростат.

Според податоците на Евростат, во јули 2024 година минималните плати во земјите на ЕУ се движат од 477 евра во Бугарија до 2.571 евро во Луксембург.

Во Србија минималмата плата од 2025 година ќе се зголеми на 460  евра (13,7 отсто повеќе од тековната година). Во Србија минималната плата ја добиваат 114 илјади работници.

Во Црна Гора во 2023 година околу 50.000 работници ја примаат загарантираната плата од 450 евра, Но од владата на Црна Гора најавија нова фискална стратегија и од октомври 2024 година минималецот треба да изнесува околу 700 евра. За вработените со ниско и со средно образование платата ќе биде 600 евра, а со високо образование минималната плата ќе биде 800 евра.  

Од јануари 2024 година минималнтата плата во Хрватска изнесува 677 евра, а минималната плата ја примале 21.000 работник. Ова е многу помалку од една година претходно кога минималецот во Хрватска го примале 100 илјади работници.

Најниската плата  во Федерацијата Босна и Херцеговина изнесува 619 конвертабилни марки (310 еевра). Во Словенија минималната плата изнесува 1.253 евра бруто. Во Македонија минималната месечна плата изнесува 367 евра, објави „Бизнис.рс“.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано