Економија
„ЛИТИУМСКА ГРОЗНИЦА“ ВО ЧЕШКА, селото Чиновец како важен фактор за иднината на европската автомобилска индустрија
01.09.2024
Малото место Чиновец на чешко-германската граница преку ноќ стана најпознатото село во Чешка, поради големите колични на литиум кои се наоѓаат под површината на земјата. Од ова мало место со стотина жители кое поседува непроценливи резерви од „белото злато“ станува важен фактор за исполнување на стратешките цели кои се поврзани со „Зелената агенда“ на Европската Унија, а со тоа и за иднината на автомобилската индустрија и складирањето на енергијата од обновливи извори.
Претходните студии покажуваат дека под Чиновец се наоѓаат резерви на литиум, а годишниот ископ може да изнесува до 2,25 милиони тони, што е доволно за производство на речиси 30.000 тони литиум хидроксид, пишува „Дојче веле“.
Ова количество на литиумска руда е доволно за производство на милион батерии годишно, со што Чешка може да стане и водечки производител на литиум и литиумски батерии на светско ниво.
Резервите на оваа руда во Чиновец се проценуваат на три отсто од вкупните светски залихи на литиум. Поради тоа медиумите во Чешка пишуваат како за „литиумска грозница“ од причина што чешката влада планира да го продолжи економскиот раст на земјата со ископување на највредниот метал во 21 век, пренесува „Еуроњуз“.
фото freepic