Економија
СРБИЈА ОСТВАРИ ВИСОК РЕАЛЕН РАСТ НА БДП, зголемување има во сите дејности освен во земјоделството со пад од 4,1 отсто
02.09.2024
Реалниот бруто домашен производ на Србија во вториот квартал годинава, во однос на истиот квартал лани, е зголемен за четири отсто. Растот на БДП споредено со првиот квартал е зголемен за 0,8 отсто, објави денеска Републичкиот завод за статистика на Србија.
Меѓугодишниот раст во градежништвото изнесува 7,2 отсто, во трговијата на големо и мало и поправката на моторни возила, сообраќајот, услугите и сместувањето и исхраната растот е за 7,1 отсто.
Реалниот пад на бруто додадената вредност е забележан во секторот земјоделство, шумарство и рибарство за 4,1 отсто.
Финалната потрошувачка на домаќинствата е зголемена за 4,8 отсто, а финалната потрошувачка на државата за 4,5 отсто. Бруто инвестициите во основни средства се зголемени за 8,5 отсто.
Извозот на стоки и услуги од Србија е зголемен за 4,4 отсто, а увозот на стоки и услуги пораснал за 8,5 отсто, објави „Данас“.
фото freepic