Економија
КАЗАХСТАН ЌЕ ГРАДИ НУКЛЕАРКА, ВОДА ЗА ЛАДЕЊЕ ЌЕ КОРИСТИ ОД ЕЗЕРОТО БАЛХАШ, граѓаните ќе се изјаснат на референдум
02.09.2024
Во Казахстан на 6 октомври годинава ќе биде одржан референдум за изградба на нуклеарна електрана, објави денеска претсеедателот на државата Касим-Жомарт Токајев.
Експертите за нуклеарна индустрија и населението главно ја поддржуваат изградбата на нуклеарната електрана, но дел од јавните личности и еколошките активисти се противат на оваа идеја.
Според претходите студии, подрачјето околу селото Улкен во Алматинската област, е избрано за најповолно подрачје за изградба на нуклеарната електрана, а за ладење на системот ќе се користи водата од езерото Балхаш.
Некои експерти се залагаат за изградба на станица со мали реактори, бидејќи сметаат дека нема да има доволно вода за нукеларната електрана со реактор со голема сила. Од Министерството за енергетика во Казахстан потврди дека изградбата на нуклеарката да трае десет години, а цената на еден реактор во просек чини околу пет милијарди долари, пренесува „Еуроњуз“.
фото freepic