Економија

ШТРАЈК НА АМЕРИКАНСКИТЕ СОБАРКИ, вработените жени во хотелите бараат повисоки плати и повеќе почитување

04.09.2024

Повеќе од 10.000 собарки во 25 хотелски претпријатија во САД почнаа со штрајк за повисоки плати, предвидливи работни обврски и поништување на одлуките за намалување на персоналот од периодот на пандемијата.

Речиси половината од работниците кои штрајкуваат се од Хонолулу и тие бараат не само поголеми плати, туку и поголемо почитување, во услови кога им се зголемува обемот на работа, иако има скратување на работното време. Многу од овие работнички не можат со своите плати да ги покријат месечните животни трошоци и мораат да бараат  и втора работа.

Протести на собарките има во Бостон, Сан Франциско, Сиетл, Сан Диего и Сан Хозе во Калифорнија. Од организаторот на штрајкот синдикатот  „UNITE HERE” велат дека штрајковите можат да се прошират и во други градови и во познати хотелски компании.  

Штрајкот е последица на пандемијата која го прикриваше јазот  во стапките на вработеност на жените со факултетски дипломи и тие кои ги немаат.

Американската хотелска индустрија сега вработува околу 1,9 милиони лица, 196.000 помалку од февруари 2019 година.

Претседателката на синдикакот Гвен Милс вели дека штрајкот е дел од долгогодишната борба за повисоки  платите на услужните работници и да бидат изедначени со дејностите во кои традиционално доминира машката работна сила.

- Работата во угостителството е потценета и не случајно е несразмерниот однос на вработените, кои се жени и од други нации, вели Милс.

Собарките бараат повторно да се воведе секојдневно чистење на собите во големите хотели, бидејќи се оптоварени со поголема работа. Во многу случаи имаат помалку работни часови, но затоа и помал приход. Многу хотели за време на пандемијата го напуштија секојдневното чистење на собите, бидејќи тоа не го бараат ни гостите.  Но, како што велат работничките во хотелите, одредувањето на норма од 17 соби за чистење во една смена, претставува едноставно невозможно за завршување во една смена.

Од Американското здружение на хотели велат дека 80 отсто од хотелите пријавиле недостиг на работници, а 50 отсто навеле дека најкритично  е со сервисниот персонал. Хотелиерите изјавуваат дека во последните шест месеци околу 86 од хотелските објекти ги зголемиле платите. Но, вработените велат дека за две недели со полно работно време може да се заработи 2.190 долари, но некои од нив се ангажираат повремено и по потреба, пренесува „Политика“.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано