Економија
МИНИМАЛЕН РАСТ НА СТАПКАТА НА ВРАБОТЕНОСТ ВО МАКЕДОНИЈА, во вториот квартал има 98 416 невработени лица
06.09.2024
Во второто тримесечје од 2024 година, бројот на активното население во Македонија е 790 152 лица. Од нив, вработени се 691 736, а 98 416 лица се невработени, објави Државниот завод за статистика.
Во првиот квартал годинава бројот на вработени изнесуваше 687 351. Зголемувањето на вработеноста за 4.385 лица во вториот квартал се поклопува и со почетокот на сезонските вработувања во земјата.
Стапката на активност во вториот квартал годинава е 52,1 отсто, стапката на вработеност 45,6, додека стапката на невработеност е 12,5 отсто.
Во првиот квартал годинава стапката на активност е 52,1 отсто, стапката на вработеност е 45,4 отсто и стапката на невработеност е 12,9 отсто, покажуваат податоците на ДЗС.
фото freepic