Економија
НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА И ТРЕБААТ 100 МИЛИЈАРДИ ФУНТИ ЗА ДЕСЕТГОДИШЕН ЕКОНОМСКИ РАСТ, за развој на економијата во Лондон неопходни се 30 милијарди фунти
06.09.2024
На Велика Британија и требаат 100 милијарди фунти нови инвестиции годишно или 119 милијарди евра во текот на наредните десет години за да ги постигне економските цели и да оствари годишен економски раст од најмалку три отсто. Овие средства треба да се вложат во секторите енергетика и станбената изградба, сметаат експертите.
На енергетскиот сектор на Велика Британија му требаат 50 милијарди фунти годишно, а за изградба на нови станови дополнителни 20 до 30 милијарди фунти. Осум милијарди фунти се планирани за проекти за подобрување на снабдувањето со вода.
За развој на економијата во Лондон неопходни се 20 до 30 милијарди фунти за развој на компаниите кои треба да ги зголемат своите деловни активности. Клучен предуслов за поголем економски раст на земјата е создавање на атмосфера во која потрошувачите повеќе ќе сакаат да влегуваат во ризик и да ги вложуваат своите пари во локалните компании, отколку да ги држат заштетите на банкарските сметки. Ова може да се постигне со укинување на даноците за купување акции, пишува „Гардијан“.
фото freepic