Економија

НЕПОВОЛНИ СИГНАЛИ ЗА ФЕД, ПОМАЛКУ ОТВОРЕНИ РАБОТНИ МЕСТА ВО САД

Американската економија во август создаде помалку работни места од очекуваните проекции, со што се одржува континуираното слабеење на пазарот на труд, но тоа го попречува патот на ФЕД за намалување на каматните стапки пред одржувањето ан состанокот во септември.

Во август се отворени 142 илјади работни места, но тоа е под проекциите од 161 илјада работни места.

Бројот на работни места падна во јули, втор месец по ред,  од проценетите 7,67 милиони од 7,91 милилион во јуни годинава, објави во среда Бирото за статистика на трудот. Ова е најмал број на отворање на работни места од јануари 2021 година.

Податоците објавени неделава се први во низата критично важни економски показатели за американскиот пазар на трудот, пренесе „Инвеститор.ме“.  

Ова е последниот извештај за невработеноста пред состанокот на ФЕД на 17 и 18 септември, во очекување на инвеститорите за намалување на каматните стапки.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано